Centar.mk
СВЕТ

Трамп ја урна источната страна на Белата куќа за нова сала за бал од 300 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп започна изградба на нова балска сала вредна 300 милиони долари, откако булдожери ја урнаа источната страна на Белата куќа – потег што предизвика бурни реакции од историчари, конзерватори и јавноста.

На 15 октомври, на средба со донаторите, Трамп раскажал анегдота за почетокот на проектот:

„Прашав: ‘Колку ќе ми треба?’ Ми рекоа: ‘Господине, можете да почнете вечерва, не ви треба одобрение.’ Реков: ‘Сигурно се шегувате.’ А тие одговорија: ‘Господине, ова е Белата куќа – вие сте претседател на Соединетите Држави, можете да правите што сакате.’“

Професори по историја го осудија потегот, оценувајќи дека претставува симбол на неговото претседателство, кое руши институции и традиции. „Ова е повторно менталитетот на инвеститор што гради нешто големо со своето име“, изјави историчарот Џереми Сури.

Проектот ќе го финансираат приватни донатори, меѓу кои извршни директори на „Епл“, „Амазон“ и „Мета“. Белата куќа потврди дека плановите ќе бидат доставени до градската комисија, но таа нема надлежност над веќе извршеното рушење.

Трамп изјави дека салата нема да го носи неговото име, но историчарите велат дека градежниот потфат засекогаш ќе биде поврзан со него./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК

ЛОНДОН И БРИСЕЛ СО НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА ХРАНАТА – Се подготвува намалување на проверките по Брегзит

ДЕСК

ПОЖАРНИКАРИ ОД НАД 15 ДРЖАВИ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТ – Во Брисел ќе бараат подобри услови и координација

ДЕСК