Centar.mk
фотографијата е на центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Измама вредна 18.000 евра – тетовчанец останал без пари и без пелети

На 23.10.2025 во 19:50 часот во СВР Тетово, 57- годишен маж од тетовско село пријавил дека бил измамен од Џ.Д. од Турција за сума од 18.000 евра. Според пријавеното, Џ.Д. е сопственик на фирма за поставување на лифтови во станбени објекти, има пријавен престој на негова адреса и во септември 2025 година се договориле да работат заедно, односно да увезуваат пелети за греење од Турција.

Како што е пријавено, тој го довел во заблуда и парите му ги зел во три наврати со изговор за порачка, но дознал дека веднаш ја продал на друго место и не можел да го добие на неговите мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +