Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Воведуваме ваучери за користење на вештачка интелигенција – современа поддршка за младите во Центар

„Воведуваме месечни ваучери за користење на вештачка интелигенција, со цел младите да добијат пристап до современи дигитални алатки и да ги унапредат своите знаења и вештини. Во новиот мандат вложуваме во младите преку конкретни мерки кои ќе им овозможат да го развијат својот потенцијал и да бидат подготвени за иднината,“ изјави кандидатот за градоначалник на Општина Центар за втор мандат Горан Герасимовски.

Тој посочи дека особено внимание ќе биде насочено кон младите кои не се вклучени во образование, вработување или обуки.

„За оваа група креиравме програми за активно вклучување преку обуки, интерактивни работилници и волонтерски ангажмани, со цел да ги поттикнеме нивната мотивација и личен развој,“ нагласи Герасимовски.

Дополнително, Општина Центар ќе ги зголеми за 50% стипендиите за талентирани ученици, а ќе продолжи и со субвенциите за полагање возачки испит и за купување велосипеди.

Можеби ќе ве интересира

Се апси низ главниот град – полицијата објави детали

ДЕСК

Страотна сообраќајка: Судир меѓу мотор и автомобил, едно лице итно пренесено во болница

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК