Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ тврди дека со освоени 300.000 гласови докажале дека ја имаат довербата на народот

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како и освоени над 300 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот. Исто така важно е да се напомене дека ВМРО-ДПМНЕ има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%.

Од другата страна, опозицијата предводена од СДС, освои околу 230 советника, што е за 166 советници помалку од минатите избори или пак во проценти, за 42% помалку места во советите. СДС има и енормно намалување и на гласовите, со тоа што освои околу 126.000 гласови, што е за 111.000 гласови помалку од локалните избори 2021 година.

Големиот број на реализирани проекти, градинки, училишта, здравствени домови, пазари, изградба на атмосферска, фекална и канализациона мрежа, голем број на субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, финансиска поддршка за социјално ранливите категории, како и други мерки кои ги имаа преземено локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ, се покажаа како одлични за граѓаните, кои повторно во голем број го дадоа својот глас за бројот 9.

Ова е одличен стимул за ВМРО-ДПМНЕ, дека сме на прав пат и дека треба да продолжиме онаму каде што сме застанале, со работа за нашите граѓани.

Затоа е многу важно, на 2 ноември, повторно граѓаните да излезат масовно и да го заокружат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК