Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
photo created by AI
СВЕТ

Специјалци вежбале, па по грешка упаднале во училиште и ги исплашиле децата: „Мислеа дека се статисти кои добро глумат“

Полициска вежба во чешкиот град Варнсдорф заврши како вистински фијаско, откако специјалците влегоа во погрешно училиште, предизвикувајќи паника меѓу учениците и професорите.

Според чешките медиуми, полицијата организирала симулација на апсење на вооружен напаѓач во областа Дечин. Планот бил акцијата да се одвива во зградата на поранешно основно училиште, но полицајците грешка влегле во соседната гимназија.

Во таа гимназија никој не бил известен за вежбата – ниту вработените, ниту учениците, пренесува порталот Novinky.

„Полицајците ѕвонеле на вратата, а кога домарот им отворил, едноставно влетале внатре. Професорите и учениците беа шокирани, не знаеја што се случува. Полицајците, пак, мислеа дека се работи за статисти кои добро глумат. Дури по неколку минути сфатија дека нешто не е во ред, а потоа командирите им јавија дека влегле во погрешна зграда“, изјавил градоначалникот на Варнсдорф, Јан Шимек.

Откако сфатиле дека се во грешно училиште, специјалците ја напуштиле гимназијата и преминале во објектот каде што првично требало да се одржи вежбата.

Заменик-градоначалникот Јири Сухарда објаснил дека во истиот комплекс се наоѓаат повеќе образовни институции – гимназија, градинка и поранешно основно училиште.

„Првата единица едноставно ги помешала објектите. Сè се разјасни брзо, полицијата реагираше коректно и веднаш се извини. Не е пријатно, но има и полоши ситуации“, изјавил Сухарда.

Инцидентот го потврдила и чешката полиција, наведувајќи дека се работи за човечка грешка.

„За време на вежбата, екипата влезе во зграда која не беше дел од сценариото. Директорот на полициската управа во Дечин веднаш стапи во контакт со раководството на училиштето и се извини за непријатноста што можела да ја предизвика ситуацијата,“ изјавил портпаролот Камил Марек./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Русија: Отворени сме за можноста за средба меѓу Трамп и Путин

C +

Зеленски: Путин знае дека едно оружје може да го промени текот на војната

C +

Русин со УСБ полно со податоци избегал во Франција, пронајден во тешка состојба

C +