Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија: Отворени сме за можноста за средба меѓу Трамп и Путин

Руското Министерство за надворешни работи е отворено за продолжување на контактите со американскиот Стејт департмент за можна средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави денес портпаролката Марија Захарова.

„Руското Министерство за надворешни работи, од своја страна, е отворено за продолжување на контактите со американскиот Стејт департмент во спроведувањето на договорите постигнати за време на телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД на 16 октомври“, изјави Захарова пред новинарите.

Вчера, Трамп го објави откажувањето на планираниот состанок со Путин во Будимпешта.

Американскиот претседател рече дека состанокот „може да биде губење време во моментов“. Сепак, неговата администрација ја остави отворена можноста разговорите да продолжат, и покрај санкциите воведени синоќа против двете најголеми руски нафтени компании./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин знае дека едно оружје може да го промени текот на војната

C +

Русин со УСБ полно со податоци избегал во Франција, пронајден во тешка состојба

C +

Специјалци вежбале, па по грешка упаднале во училиште и ги исплашиле децата: „Мислеа дека се статисти кои добро глумат“

C +