Centar.mk
фото ЦЕНТАР МК
РЕГИОНБИЗНИС

Пензионерите во Албанија ќе добијат новогодишен бонус – издвоени речиси сто милиони евра

Речиси 100 милиони евра ќе изнесува фондот кој ќе се распредели на пензионерите во Албанија како новогодишен бонус.

Бонусот ќе биде распределен на 765 илјади пензионери, и тоа во две групи.

Оние кои земаат помалку ќе добијат повеќе, а тие кои земаат повисока пензија ќе добијат помалку.

Па така сите пензионери кои земаат над 20.000 леќи ќе добијат бонус од 10.000, додека оние кои земаат под тој 20.000 ќе добијат парична поддршка од 15.000 леќи.

Во Албанија веќе станува традиција да се доделува бонус на пензионерите, со оглед на тоа што ова е втор пат по ред како се поддржуваат постарите лица за празниците, оваа година исто така имаше и пролетен бонус.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК