Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „сторм шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск, потврди Генералштабот на Украина. Нападот бил комбиниран воздушно-ракетен и, според украинската страна, го пробил рускиот противвоздушен систем.
Фабриката, која произведува барут, експлозиви и компоненти за ракетно гориво, е опишана како клучен објект на руската воено-индустриска инфраструктура. По ударот, во Брјанск биле пријавени и прекини на електричната енергија.
Ракетите „сторм шедоу“, со дострел од 250 до 560 километри, се дизајнирани за прецизни удари во критични цели и претходно биле користени против цели во Брјанск, Курск и на Крим.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека далекометните удари се незаменлив клуч за мирот нагласувајќи дека Русија избегнува дипломатија кога Украина има послаб капацитет за такви напади./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


