Centar.mk
фото Screenshot/МВР
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Богданци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 21.10.2025 во 13:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода лице(54) од Богданци. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу еден килограм и 100 грама марихуана, четири засадени стебла канабис, остатоци од гранки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК