Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

Соопштение на СДСМ:

Иако ова не е посакуваниот резултат за СДСМ, но бележиме стабилизација и раст во повеќе општини. Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намлува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а ја заголемува во однос на ЗНАМ и држи стабилна предност пред Левица. Ова јасно укажува дека вкупниот амбиент се менува.

ВМРО-ДПМНЕ попусто се обидува да прикаже огромен триумф, кога реалноста е дека бројките покажуваат голем пад во довербата во владините партнери.

И покрај сите притисоци, уцени, поткуп и злоупотреба на сите полуги на власта, ВМРО-ДПМНЕ изгуби речиси 140.000 гласа од минатогодишните избори. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ падна дури и под резултатот од 2021 година. Заедно со ЗНАМ, владејачките партии изгубија над 155.000 гласови.

СДСМ ќе продолжи да работи на консолидација на партијата и победа во повеќе општини во вториот круг. Имаме солидни резултати во повеќе општини, но и места каде што во иднина мора да се работи за зголемување на поддршката. Со оглед на фактот што на овие избори имаше низа независни кандидати и листи кои, пред сè, одземаа гласови од опозицијата.

Во вториот круг СДСМ го зголемува својот коалиционен капацитет, коалицијата на СДСМ со граѓаните и со другите партии од опозицијата допрва ќе расте

На ВМРО-ДПМНЕ им порачуваме, наместо да се бават со СДСМ и бараат оставки, да се соочат со фактот дека нивните политики во изминатата година се катастрофални а падот на гласови се должи токму на тоа.

СДСМ продолжува веќе од утре со кампањата. Ги повикуваме сите наши членови и граѓаните кои гласаа за други кандидати што не влегоа во вториот круг, масовно да ја дадат поддршката за нашите кандидати.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК