Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе учествува на Mинистерскиот самит на Европската комисија во Подгорица – 20/10/2025

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе учествува на Mинистерскиот самит на Европската комисија за стартапи, истражување и иновации во Подгорица, Црна Гора, на 20 и 21 октомври. Министерскиот самит ќе биде предводен од Еврокомесарката Екатерина Захариева, Комесар за стартапи, истражување и иновации при Европската комисија.

Целта на самитот е зајакнување на стартап-екосистемот на Западен Балкан, продлабочување на политиките за „паметна специјализација“, како и унапредување на истражувачките инфраструктури и примената на вештачката интелигенција во науката.

Во програмата учествуваат: Сигне Ратсо, Заменик-генерален директор на Директоратот за истражување и иновации при Европската комисија; Маида Горчевиќ, Министер за европски прашања на Црна Гора; Анѓела Јакшиќ Стојановиќ, Министер за образование, наука и иновации на Црна Гора; Бартож Марцинковски, претставник на полското претседавање со Советот на Европската комисија; Мартин Керн, Директор на Европскиот институт за иновации и технологии; и Амер Капетановиќ, Генерален секретар на Регионалниот совет за соработка.

Министерот Андоновски ќе се обрати на министерската тркалезна маса на тема „Истражувачки инфраструктури и вештачка интелигенција во науката“. Во своето излагање ќе ги претстави приоритетите на Република Македонија во дигиталната трансформација: модернизација на јавните електронски услуги, интероперабилност на системите, отворени податоци и поддршка на иновации и стартапи, како и безбедна и етичка примена на вештачката интелигенција во науката и јавната администрација.

На маргините од самитот Министерот Андоновски, заедно со останатиот дел од Македонската делегација ќе оствари повеќе билатерални средби меѓу кои и со Еврокомесарката Захариева.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК

Герасимовски: Исчистен сметот во Капиштец, се чисти во сите населби

ДЕСК

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

ДЕСК