Centar.mk
СВЕТ

Израелците објавија снимка: „Ги убивме вооружените милитанти, кои ја преминаа жолтата линија“

Израелската армија (ИДФ) објави дека вчера убила неколку вооружени палестински милитанти кои им се приближиле на израелските сили во северниот дел на Појасот Газа.

Според соопштението, група вооружени мажи ја преминале таканаречената Жолта линија, до која израелската армија се повлече според условите на сегашниот прекин на огнот, во областа Беит Лахија во северна Газа и претставувале непосредна закана за силите.

Во согласност со договорот, соопшти израелската армија, вооружените лица биле цел на напади со беспилотни летала за да се отстрани заканата.

Армијата, исто така, објави видео од нападот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шпанскиот премиер повикува на создавање ЕУ војска: „Не за 10 години, туку утре“

C +

Трамп му постави нов ултиматум на Иран

C +

Турција: НАТО не е должен да им помогне на САД во војната со Иран

C +