Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ

Генерално имаше мирен ден, но за жал констатиравме и бројни прекршувања на изборниот процес.

Злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, кршење на изборниот молк преку агитирање и како и нерегуларности при самото гласање.

Во Лозово на пример е спречен е обид за поткуп, документиран и од страна на МВР. Обиди за поткуп има и во други места кои сега се документираат.

Во Куманово и во Ѓорче Петров имало случаи на повеќе ливчиња да му дадат на еден гласач. Во
Ѓорче пет ливчиња дадени од претседателка на ИО на свој сопруг.

Во Студеничани (ИМ 2349/1 и 2353), членови на ИО истовремено биле и на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Прилеп и Крива Паланка регистрирани се притисоци и закани кон активисти и кандидати на СДСМ.

Во Неготино констатирано е дека Кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ користи општински објект за потребите на кампањата.

Во Богданци, раководител на ОВР Гевгелија во возило на ЈП „Национални шуми“ агитирале за ДПМНЕ.

Веќе реагиравме и за тоа што починати лица се најдоа на избирачкиот список, дури и на советничка листа на коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Командири и началници на полицијата беа дел од активностите на ДПМНЕ на терен за време на кмапањата.

Во Зелениково и Кратово: Роднини на кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ биле назнечи и во Општинските изборни комисии.

Во Охрид, Крива Паланка и Прилеп, партиските штабови на ДПМНЕ биле активни и агитирале за време на молк .

Во Градско: Закани од кандидат Киро Нацков кон членови на одборите.

Во Јегуновце: Злоупотреба на лични податоци за гласање на болни и немоќни.

Денеска имаше извесувања за неколку случаи на попречување на работа на новинарските екипи, во Карпош, Охрид и Тетово

Овие настани бараат итна реакција од ДИК, Јавното обвинителство, МВР за да се обезбеди одговорност, да се заштити слободната волја на граѓаните и да се гарантираат фер и демократски избори.

Правниот тим на СДСМ подготвува поднесување на соодветни пријави и поднесоци до надлежните институции.

Од досега пристигнати резултати СДСМ води и очекуваме победа:
1.Центар
2.Крива Паланка
3.Пробиштип
4.Чучер Сандево
5.Чешиново Облешево
6.Кривогаштани
7.Богданци

Тесна битка е во Неготино, Валандово, Македонска Каменица, Ранковце.

Водиме и во Дојран и Лозоцо, но веројатно ќе има втор круг.

Како пристигнуваат резултатите ќе информираме.

Со задоволство констатирам дека во секоја општинска организација имаме подобар резултат во споредба со лани.

По сите досегашни параметри имаме подобри резултати од минатите парламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

ДЕСК

Муцунски: На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ова беа можеби најмирните избори што е пред се заслуга на граѓаните

ДЕСК

Јорданов од ВМРО ДПМНЕ прогласи победа со 15.000 гласа разлика

ДЕСК