МВР извести дека на 17.10.2025 во 00:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.