Белградската полиција го уапси Ѓ.З. (21) синоќа, осомничен за убиство во Белград, и трага по уште две лица кои избегале по злосторството со автомобил.
Според српските медиуми маж (35) починал во детски парк на улицата Херцеговачка број 15, со словенечки документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани. Тој бил застрелан неколку пати, од кои едниот го погодил во главата.
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи изјави за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23:13 часот на булеварот Вудро Вилсона во Белград на вода.
– Нашиот тим можеше само да ја потврди смртта на 35-годишен маж – рече докторката Николиќ.
Медиумите јавуваат дека полицијата уапсила осомничен за убиството на мажот. Осомничениот бил пресретнат кратко по злосторството од полицајци во цивил, кои го собориле на земја и го разоружале.
Човекот наводно имал два пиштола со себе, додаваат српските медиуми.