Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети „томахавк“.

Го прашав: „Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади ‘томахавки’ на вашите противници?“, им рече Трамп на новинарите.

Тој додаде дека Путин не бил задоволен што ја слушнал оваа идеја.

Трамп и Путин разговараа на телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и пред најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дмитриев: „Тешки времиња ја очекуваат Европската Унија“

C +

Иран: Ормускиот теснец не е затворен за сите

C +

Руски функционер во регионот Луганск: 41 рудар заробен под земја по украинскиот државен удар

C +