16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Хамас копа низ урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени во Газа, што е клучна компонента од неговиот план за прекин на огнот од 20 точки.

„Хамас апсолутно бара посмртни останки од мртвите заложници и ги пребарува урнатините на зградите уништени од израелското бомбардирање и тунелите под улиците на Газа“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ги имаме сите заложници вратени живи. Денес, уште некои се вратија. Тоа е ужасен процес. Но, тие копаат. Тие навистина копаат. Има области каде што копаат и наоѓаат многу тела. Потоа мора да ги одвојат телата. Не би верувале. Некои од овие тела се таму долго време, а некои од нив се под урнатини. Тие мора да ги отстранат урнатините“, рече Трамп.

Американскиот претседател го повтори предупредувањето на Хамас дека мора да се разоружа според условите на договорот за прекин на огнот, велејќи: „Ако одбијат да го сторат тоа, ние ќе го сториме тоа“, рече американскиот претседател Доналд Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Официјалната истрага покажа дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

C +

Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра

C +

Израел ќе го отвори главниот граничен премин Рафа

C +