16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Реакција на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески!

Реакција на СДСМ:

Бруталното рушење на домот на Владо Малески во Струга не е изолиран инцидент, тоа е резултат на системска незаинтересираност, институционална парализа и политичка неодговорност на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Управата за заштита на културното наследство, која е должна по службена должност да реагира и превенира вакви уништувања, молчи и не презема ништо. Дали затоа што рушителите се блиски до власта? Или затоа што институциите се ставени во служба на политичките и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и нивната тајна коалицијата со ДУИ?

Министерот за култура, Зоран Љутков, наместо да го брани културното наследство, се занимава со партиска кампања и самопромоција. Во време кога се брише споменик на македонската културна меморија, Љутков не излезе со ниту едно јавно соопштение, ниту најави конкретна постапка. Тоа е срам за институцијата Министерство за култура!

Владо Малески не е само име од учебник ,тој е авторот на текстот на македонската химна, дел од нашата државност и културен идентитет. Рушењето на неговиот дом е удар врз македонската култура, меморија и достоинство.

СДСМ бара:
– итна и целосна истрага за случајот,
– одговорност од Управата за заштита на културното наследство,
– оставка од министерот Љутков поради неделување,
-итна реставрација и заштита на објектите со историско и културно значење во Струга.

Ова што се случува не е само правен, туку цивилизациски пад. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема визија, ниту почит кон сопствената држава и нејзините симболи.

СДСМ, заедно со граѓаните на Струга и со целата културна јавност, ќе се избори овој срам да не остане неказнет.
Никој нема право да ја руши историјата на Македонија!

Можеби ќе ве интересира

Уште една измама со лажна сообраќајка, измамена 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра

ДЕСК

Полицијата упадна во фирма во Тетово: Приведени 39 државјани на Албанија кои непријавено работеле за градежна фирма, следуваат пријави за нив и за сопственичката на фирмата

ДЕСК

Судот го забрани најавениот штрајк во М НАВ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.