16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Заокружи го бројот 5 во недела, за континуитет, стабилност и развој на Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски истакна дека Центар се развива како зелена и еколошки одговорна средина, со урбанизам што обезбедува повеќе зелени површини, безбедни пешачки и велосипедски зони и современи сообраќајни решенија.

Во програмата за втор мандат, тој најавува бројни капитални проекти со кои продолжува развојот на општината.

„Повторно имаме победничка програма која овозможува поквалитетен живот на сите генерации, децата, младите, возрасните и пензионерите. Отпочнуваме со изградба на нов дом за стари лица, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавуваме две цистерни и пет метларки за поголема хигиена, го ограничуваме движењето на возилата во Дебар маало, поставуваме две монтажни катни гаражи, градиме нов административно-граѓански објект со подземен паркинг за 300 возила и градиме два нови покриени базени. Покрај овие капитални проекти, воведуваме и Центарска картичка со која центарци ќе имаат бројни поволности и попусти“, вели Герасимовски.

Герасимовски, порачува дека учениците од прво до четврто одделение добиваат бесплатен оброк, а учениците од петто до деветто одделение бесплатни екскурзии низ Македонија за да ги запознаат убавините, културата, историјата на татковината.

Тој, додава дека Центар добива и три слободни Free Wifi зони со што граѓаните, но и туристите ќе користат бесплатен интернет.

„Во недела да излеземе сите масовно и да го заокружиме бројот 5, затоа што само така Центар ќе продолжи да се развива, да живее чисто, зелено и европски. Само оваа опција нуди реални решенија, проекти што навистина се реализираат и грижа за секој граѓанин. Да покажеме дека сакаме Центар да оди напред, а не назад, затоа што иднината на нашата општина е во наши раце. Бројот 5 е глас за чисти улици, модерна и уредна општина“, порачува Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата упадна во фирма во Тетово: Приведени 39 државјани на Албанија кои непријавено работеле за градежна фирма, следуваат пријави за нив и за сопственичката на фирмата

ДЕСК

Судот го забрани најавениот штрајк во М НАВ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.