Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ќе го разоружаме

Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе „се разоружа бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат“. „И ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“, додаде тој.

На прашањето на новинарите како тоа ќе се случи, Трамп рече: „Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“.

„Тие знаат дека не си играм“, додаде американскиот претседател.

„Ќе се случи бргу и може да биде насилно. Но, тие ќе се разоружат, разбирате што мислам?“, додаде Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +