15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанија е сигурен член на НАТО, вели шпанскиот министер за надворешни работи

Шпанија е сигурен член на НАТО и моментно има 3.000 војници распоредени во рамките на алијансата, изјави денес шпанскиот министер за надворешни работ, Хозе Мануел Албарес одговарајќи на сомнежите на американскиот претседател Доналд Трамп за трошоците за одбрана на земјата.

Албарес им рече на новинарите за време на посетата на Хангжу, Кина, дека нема сомнение за посветеноста и за придонесот на Шпанија кон трансатлантската безбедност, објавува „Гардијан“.

Во вторникот Трамп ѝ се закани на Шпанија со трговски казни, вклучително и царини, велејќи дека не е задоволен од нејзиното одбивање да ги зголеми трошоците за одбрана на пет проценти и нарекувајќи го потегот непочитување кон НАТО.

„Тие се единствената земја што не го зголеми својот износ на 5 проценти, па затоа не сум задоволен од Шпанија“, рече Трамп.

Тој рече дека размислува да воведе трговски казни за Шпанија преку царина поради она што го направиле и дека мисли дека ќе го стори тоа.

Трамп постојано „вршеше притисок“ врз членовите на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана и ја доведуваше во прашање подготвеноста на Вашингтон да им помогне на членовите што не трошат доволно.

Минатата недела, за време на состанокот со претседателот на Финска, Александар Стаб, тој рече дека НАТО треба да размисли за исклучување на Шпанија од алијансата поради нејзиното одбивање да го прифати новиот договор.

Шпанија е единствената членка на алијансата од 32 земји што не се согласила да ги зголеми воените трошоци на 5 проценти од БДП.

Шпанскиот премиер Педро Санчез потоа успеа да обезбеди исклучок од ситуацијата во последен момент наведувајќи дека Шпанија ќе потроши максимум 2,1 процента, што го нарече доволен и реален./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Нетанјаху: Хамас ќе очекува пекол ако не го положи оружјето

C +

САД бараат од НАТО повеќе пари за оружје за Украина

C +

Израелскиот министер со критики до Хамас: Мора да ги избришеме од лицето на земјата

C +
error: Соддржината е заштитена.