15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Левица: Уставен суд не бил надлежен за уставноста – Левица оди во Стразбур за цензурата!

– Уставниот суд реши да ја одбие Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува на радиодифузерите за поделба на времето за рекламен простор за учесниците на изборите, се вели во соопштение на политичка партија Левица.

– Според ова контраверзно Упатство, иако е парламентарна партија, Левица не доби ниту една секунда простор за рекламирање на овие локални избори, а како политичка партија, Левица ни со сопствени средства, нема право на ниту една секунда – реклама, наспроти милионското расфрлање на пари од страна на ДПМНЕ и СДС, велат од Левица.

-Уставниот суд одлучи да го разгледува ова на 3 дена пред изборите и тоа: не по службена должност, туку по поднесената Иницијатива од страна на Левица.

Иако контраверзното Упатство, не е објавено во Службен весник, а по својата суштина претставува општ акт и согласно Устав мора да биде објавено за да произведува правно дејствие, ги повредува уставните начела на еднаквост и политички плурализам преку противуставната ЦЕНЗУРА, повредува меѓународни правни акти инкорпорирани во нашиот правен систем, со кои е гарантирано правото на политичко дејствување загарантирано со Европската конвенција за човекови права и со Уставот, сепак, за судиите од Уставен суд тоа не е нималку важно и штетно по уставниот поредок и „во согласност со закон“, настрана што и законот не е уставен – од причина што се работи за дискриминација на партија која е трн во око на олигархијата, нивните газди.

Цензурата на еден денес, значи режим за сите утре! Апликацијата до Европскиот суд за човекови права е во подготовка, а после денешната одлука на Уставен, убедени сме дека Република Македонија ќе загуби.

Судот во Стразбур ќе има полни раце работа по оваа одлука, а ние нема да запреме со правната и институционална борба за основните демократски права, додаваат од Левица.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продлабочување на соработката за поголема транспарентност и ефикасност во управувањето со јавните средства

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.