Centar.mk
photo created by AI
СВЕТ

Инфлуенсерка и нејзината ќерка пронајдени мртви во стан во Бразил

Во Рио де Жанеиро се пронајдени телата на 33-годишната инфлуенсерка и манекенка Лидијане Алина Лоренсо и на нејзината 15-годишна ќерка Мијана Софија Сантос, јавуваат бразилските медиуми.

Соседите во населбата Бара да Тиџука ги повикале пожарникарите поради силен непријатен мирис, а телата биле откриени во разни простории од станот. Според полицијата, нема знаци на насилство и се чекаат резултатите од токсиколошката анализа за да се утврди причината за смртта.

Лоренсо имала над 54.000 следбеници на „Инстаграм“ и студирала медицина во Рио. Таа и ќерка ѝ беа погребани во родниот град Санта Сесилија. Истрагата продолжува./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

C +

Данска: Именувањето на американскиот претставник го одразува континуираниот интерес на Трамп за Гренланд

C +

Од музејот Лувр украдени над 8.000 дијаманти и 200 бисери: Откриени нови детали за грабежот на векот

C +