Centar.mk
РЕГИОН

Фон дер Лајен: Време е Србија да ги забрза чекорите кон ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави во Белград дека сега е вистински момент Србија да преземе конкретни чекори кон членство во Европската Унија.

Таа порача дека Србија треба да покаже напредок во владеењето на правото, медиумите и изборните реформи нагласувајќи дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија, мора да се зголеми.

Фон дер Лајен истакна дека ЕУ очекува Србија двојно побргу да напредува кон Унијата и дека веќе се реализираат инвестиции преку планот за раст за Западен Балкан, вредни над 100 милиони евра.

Таа го поздрави напредокот во ажурирањето на Избирачкиот список и во работата на Советот на РЕМ оценувајќи дека тоа е „добар прв чекор“.

Фон дер Лајен додаде дека овој период е прав момент за инвестиции на Западен Балкан вклучувајќи и проекти за енергетика, дигитализација и вештачка интелигенција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +