15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДУИ
МАКЕДОНИЈА

ДУИ реагира на црната кампања за кандидатот Дехари

Реакција на ДУИ/ интегрално

За жал, битката за Кичево повторно се претвора во етничка трка, наместо да остане натпревар на идеи и визии за градот. Секогаш кога Албанците во Кичево станувале одлучувачки фактор, се активирале механизмите на подземјето – лабораториите на службите што работат во темнина – со цел да ги поделат, да ги посварат и да ги дискредитираат нивните политички претставници.

Ова сценарио добро го познаваме: кога не можат да се соочат со идеи, кога немаат проект, измислуваат скандали, монтираат разговори, фабрикуваат „факти“ и ги шират со единствена цел – граѓанинот да ја изгуби довербата во политиката и да остане дома на денот на одлучувањето.

Кичево нема да падне во оваа замка. Нашите граѓани се мудри, знаат да ја разликуваат фабрикуваната пропаганда од реалноста. Ќе продолжиме мирно, достоинствено и со уверување дека иднината на Кичево не се гради со клевети, туку со работа, посветеност и почит кон секој граѓанин – без оглед на етничката или верската припадност.

Да го сочуваме Кичево од валканоста на старата политика. Да кажеме НЕ на манипулациите и ДА на достоинството, соживотот и развојот што му припаѓаат на овој град.

И на самиот крај, суштински е пред секоја јавна реакција или извлекување заклучоци внимателно да се провери автентичноста на аудио-материјалот. Само по јасна и веродостојна оценка од надлежните институции или експерти може одговорно да се зборува за неговата содржина. Секој коментар или дискусија без таква потврда би била шпекулативна и потенцијално штетна, како за засегнатите лица, така и за јавниот интерес.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновски: Со Упатството за радиодифузерите е пресликана одредбата од Изборниот законик

ДЕСК

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

ДЕСК

ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН СО ЗНАЧИТЕЛНИ ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.