Centar.mk
SHOWBIZ

Тажна вест ја потресе Македонија – Почина Панчо од ДНК

Утрово почина Владимир Блажев – Панчо кој настрада во пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани, каде загинаа 62 лица – речиси сите млади, а 200 други беа тешко повредени. Тој е 63-тата жртва на пожарот

Панчо од ДНК починал во приватна болница каде седум месеци се лекуваше.

Неговите фанови, колеги, пријатели се збогуваат од Панчо на социјалните мрежи.

Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан.

После трагедијата во Кочани – Македонија не е истата држава.

Можеби ќе ве интересира

Брижит Бардо ги излудуваше мажите – од хеликоптер ѝ ја посипувале куќата со рози

C +

Славен како дете, осамен како тинејџер: приказната на Меколи Калкин

C +

Откажан концертот на Аца Лукас на Јахорина; Додик: Тој го повреди српскиот народ

C +