14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Костова побара поддршка за Шапов и советничката листа на СДСМ, да продолжи Богданци да се развива

На вечерашниот собир во Богданци, потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, побара поддршка за кандидатот за градоначалник Блаже Шапов и советничката листа на СДСМ и коалицијата, потенцирајќи дека „на овие чесни луѓе мора да им се даде шанса да продолжат да ја водат Општина Богданци во вистинската насока“.

„Во последните осум години Богданци е пример за успешно и одговорно управување. Под раководство на Блаже Шапов, реконструирани се улици во Богданци и Стојаково, саниран е полскиот пат во Бозелот, реконструиран мостот на Луда Мара, како и Домовите на културата. Извршена е реконструкција на водоводната мрежа, изработена е техничка документација за фекална и атмосферска канализација, а воведени се и нови современи услуги – бесплатен Wi-Fi, лична асистенција и помош во домот, документација за е-полначи и стратегија за туризам,“ нагласи Костова.

Таа посочи дека Богданци е мала, но напредна општина, токму благодарение на визијата и трудот на Шапов и тимот на СДСМ:

„Овде има ред, функционалност и транспарентност. Богданци е општина која работи за граѓаните. За разлика од тоа, општините под контрола на ДПМНЕ се заробени од партиски интереси и лични профити.“

Костова предупреди дека не смее да се дозволи општината да падне во рацете на „дпмневските злонамерници“ кои не мислат на народот:

„Ова не е време за апатија, ниту за молк. Ова е време за одлука – дали ќе го браниме домот што го градиме со децении, или ќе гледаме како се руши цигла по цигла. Апстиненцијата не е казна за СДСМ, туку награда за ДПМНЕ. Ако не гласаме, им ја препуштаме државата на тие што мислат само на себе.“

Во обраќањето, таа повика на мобилизација и заедништво пред и на 19 октомври:

„Се бориме за нашиот дом! За Богданци, за Македонија, за секоја куќа, за секоја улица и за секој човек што верува дека оваа земја може подобро. Оваа есен мораме да ја продолжиме борбата против злонамерниците, против олигархијата, против угнетувачите и институционалните паразити. Победата во Богданци ќе биде почеток на нови победи низ целата држава. Оваа есен се бориме за надеж. За нашата иднина, за нашиот дом. Богданци победува со СДСМ!“

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.