13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Д-р Шабан Салиу на 23-годишнината на ДСР: Од борба против дискриминација до институционална сила на Ромите!

Демократските сили на Ромите (ДСР) вчеравечер ја одбележаа 23-годишнината од основањето со свечен настан на кој присуствуваа членови, симпатизери и пријатели на партијата. Во обраќањето, претседателот на ДСР и актуелен министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу, се наврати на почетоците, говореше за сегашните институционални обврски и ја претстави визијата по локалните избори на 19 октомври, на кои е кандидат на ДСР за градоначалник на Општина Шуто Оризари.

„Кога ја основавме ДСР, влогот беше едноставен и огромен, да ја претвориме болката од дискриминацијата во политичка сила и еднакво граѓанство. Не баравме милостина, баравме правила што важат за сите и институции што служат и на Ромите“, рече Салиу, потсетувајќи дека ДСР е создадена како политички одговор на системските неправди кон ромската заедница.

Осврнувајќи се на сегашноста, Салиу нагласи дека учеството во Владата носи јасна институционална одговорност.

„Како министер, мојата обврска е да ја претворам политичката порака во мерлива институционална работа, од координација на националните политики за инклузија до отворени врати за граѓаните. Државата мора да биде предвидлива, отчетна и фер. Тоа е единствениот начин да градиме доверба кај Ромите,“ истакна на прославата претседателот на ДСР, д-р Шабан Салиу.

Зборувајќи за претстојните локални избори, Салиу порача дека Шуто Оризари има сила за промена.

„Влегуваме со победничка енергија и јасен системски план за функционална инфраструктура, силно образование и култура, фер здравствена и социјална грижа, локална економија што отвора работни места и зелена, транспарентна општина со јавно управување и отчет. Не ветуваме, остваруваме“, порача во својот говор првиот човек на ДСР и кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, Салиу.
Тој додаде дека кампањата на ДСР се темели на политичка зрелост и граѓанска одговорност.

„Нашата борба е мирна и уставна. Ќе продолжиме да бидеме штит и глас на Ромите, со јасен став и резултати што се гледаат на секоја улица и во секој дом во Шуто Оризари“, рече Салиу.

фото Демократските сили на Ромите (ДСР)

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.