Centar.mk
БИЗНИС

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот извоз и ќе воспостави строги контроли на извозот на критичен софтвер, како одговор на ограничувањата што Кина ги воведе за ретките земни метали.

Само неколку часа по изјавата на Трамп, Биткоинот се урна под 110.000 долари, што претставува пад од над 12% во рок од 24 часа. Според податоците на „CoinGlass“, крипто трговците кои се обложуваа на раст на пазарот изгубија над 7 милијарди долари, при што се случија масовни ликвидации на позиции во вкупна вредност од 7,5 милијарди долари – најголем еднодневен колапс во историјата на дигиталните средства.

Најголеми загуби се забележани кај Биткоин (1,83 милијарди долари), Етереум (1,68 милијарди), Солана (614 милиони) и XRP (432 милиони). Ликвидациите на пазарот, односно присилното затворање на позициите кога трговците не можат да ги покријат загубите, доведоа до исчезнување на повеќе од 9 милијарди долари од крипто пазарот во рок од еден ден.

Пазарните аналитичари од „Valuermarket“ оценуваат дека ова е најголемата еднодневна ликвидација во историјата на дигиталните средства и предупредуваат дека може да следи нов бран нестабилност ако трговската војна меѓу САД и Кина продолжи да се заострува./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Исплатени 30,3 милиони денари дополнителна поддршка за 243 земјоделци

ДЕСК

Кој колку должи за данок кон државата? УЈП со имиња на фирми и луѓе објави најнованова листа на должници

ДЕСК

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

ДЕСК