На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(23), лице(24),лице.(42), лице(33), лице(55) и лице.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и лице(40), лице (41) и лице(45) од друга страна.
Сите тие претходно биле во угостителскиот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.