7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

Северна Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на Единствената зона за плаќања во евра (SEPA), со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра кон и од земјите членки на SEPA под исти услови како и во Европската Унија.

Денес, со започнување на практичната примена за полесни, побрзи и поевтини трансакции во евра, Северна Македонија и официјално стана активен дел од европската зона за плаќања, што претставува важен чекор во унапредување на интеграцијата со единствениот европски пазар.

Приклучувањето кон SEPA е дел од активностите во рамките на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој има за цел да ја забрза економската интеграција на земјите од регионот со Европската Унија преку зголемен пристап до единствениот пазар, поттикнување на инвестиции и унапредување на финансиските услуги.

Овој значаен напредок претставува конкретен резултат од заложбите на Владата и на Министерството за европски прашања на Република Северна Македонија за спроведување на европските стандарди и подобрување на условите за граѓаните и бизнисите. Со имплементацијата на SEPA плаќањата, нашата земја се приближува кон европските финансиски текови и го потврдува својот континуиран напредок на патот кон членство во Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Инфлацијата ја изеде минималната плата – владата без слух за ново зголемување

ДЕСК

Инфлацијата е 4 отсто, цените на мало пораснале за 4,1% овој септември во споредба со ланскиот

ДЕСК

Во 2023 година се платени за 10.1 % помалку даноци за животната средина отколку во претходната година

ДЕСК