Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Протоколарна средба Гаши – Херицова

Денес, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари протоколарна средба со Н.Е. Ивета Хрицова, амбасадор на Словачката Република.

Претседателот Гаши ѝ честиташе на амбасадорката Хрицова за започнувањето на нејзиниот дипломатски мандат во Република Северна Македонија и ѝ посака успешна и плодна работа. Тој изрази задоволство од пријателските и блиски билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја континуираната поддршка што Словачка ѝ ја дава на нашата држава во процесот на евроинтеграции и во рамките на НАТО и ЕУ кои остануваат приоритет на Републчика Северна Македонија.

Амбасадорката Хрицова изрази благодарност за приемот и истакна дека со задоволство ќе се ангажира во текот на својот мандат на продлабочување на билатералната соработка, особено преку поттикнување на активностите помеѓу пратеничките групи за соработка на двата парламента. Таа најави подготвеност за иницирање на заеднички активности, средби и проекти кои ќе придонесат за унапредување на меѓусебното разбирање и партнерство меѓу Северна Македонија и Словачка.

На крајот на средбата Претседателот Гаши уште еднаш истакна дека Собранието на Република Северна Македонија останува институција со отворени врати за унапредување на парламентарната соработка, дијалогот и пријателството меѓу двете земји.

Соговорниците се согласија дека парламентарната дипломатија претставува значаен сегмент во развојот на односите меѓу двете земји, и изразија подготвеност за понатамошно зајакнување на соработката во културната, образовната и економската сфера.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +