Русија денес објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле 251 украински дрон во текот на ноќта, додека украинската страна објави дека погодила складиште за нафта на привремено окупираниот Кримски полуостров.
Според руското Министерство за одбрана на Телеграм, руските сили собориле поголем дел од украинските дронови над југозападниот регион на земјата, вклучувајќи 61 над Црното Море и еден што летал кон Москва. Министерството само го навело бројот на уништени дронови, но не и колку од нив ги лансирала Украина.
Украинските канали на Телеграм објавија дека голем пожар избувнал по нападот врз складиште за нафта во Феодосија, на кримскиот брег покрај Црното Море. Според РБЦ-Украина, како резултат на нападот експлодирал резервоар за гориво во складиштето.
Според проукраинскиот канал „Krymskyi Viter“, експлозии се слушнале во неколку области низ украинскиот полуостров.
Според каналот, првата цел бил аеродромот „Саки“ во Новофедоривка. Експлозиите таму започнале околу 00:23 часот, по што набргу потоа биле активирани системи за воздушна одбрана против беспилотни летала./Извор:Makfax