Centar.mk
РЕГИОН

Трагедија во Србија: се преврте чамец во Дунав, има жртви

Брод со неколку лица се преврте синоќа во Дунав кај Бачка Паланка, во соседна Србија.

Како што јавуваат спрските медиуми, во несреќата има жртви и повредени.

На бродот имало 11 лица, 10 кинески државјани и еден српски државјанин, за кој се верува дека го управувал бродот. Според неофицијални информации, станува збор за обид за нелегално преминување на државната граница.

Досега се пронајдени осум лица – шест кинески државјани беа спасени од хрватски спасувачи, додека спасувачите од Србија пронајдоа еден преживеан и едно тело.

Потрагата по останатите исчезнати лица сè уште е во тек. Повеќе информации ќе бидат познати по официјалното соопштение од надлежните органи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +