Унгарија не треба да го усвои еврото затоа што Европската унија се распаѓа и Унгарија не треба поцврсто да ја врзува својата судбина за блокот, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за бизнис-страницата EconomX.
Унгарија, која ја модернизираше својата економија со милијарди евра од Брисел откако се приклучи пред две децении, во моментов не ги исполнува условите за усвојување на еврото.
За разлика од Данска, Унгарија нема законско ослободување од приклучување кон валутниот блок. Некои од источните соседи на Унгарија, вклучувајќи ги Полска, Чешка и Романија, исто така остануваат надвор од еврозоната, барем засега.
Орбан, кој е на власт од 2010 година, стана сè погласен критичар на ЕУ, која задржа милијарди евра средства за Унгарија поради реформите за владеење на правото.
„Унгарија не треба да ја врзува својата судбина поцврсто со Европската Унија отколку што ја врзува сега, а воведувањето на еврото би било најблиската можна врска“, предупреди Орбан./Извор:Makfax