6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕВН Македонија и МАКО СИГРЕ со заедничка визија за енергетска иднина

ЕВН Македонија продолжува со силна поддршка на меѓународното здружение „Мако Сигре“. Највисоките претставници и инженери од компанијата годинава присуствуваа на „13 Советување на МАКО СИГРЕ“ во Охрид, важен настан за електроенергетскиот сектор во земјава, кој ги собира учеснците со цел размена на идеи, иновации и практични решенија.

Настанот со свечен говор го отвори Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска која ја нагласи важноста на советувањето, како каде се дебатираат најновите реформи и достигнувања во енергетиката.

„Во време на темелни промени – декарбонизација, дигитализација, децентрализација и интеграција на пазари – вакви форуми се од непроценлива важност. Нека ова советување биде почеток на нови иницијативи, засилени проекти и трајна координација меѓу сите чинители“, додаде таа.

На отворањето се обрати Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер: “Модернизацијата на дистрибутивната мрежа денес е повеќе од инфраструктурен предизвик – таа бара и иновативен пристап кон растечката интеграција на обновливи извори на енергија и складирање преку големи батериски системи (BESS). Нашата посветеност се протега и надвор од инфраструктурата. Секојдневно работиме за подобрување на услугите кон нашите корисници, со целосна фокусираност на дигитализацијата и иновациите.“

Претседателот на Мако Сигре, г-дин Сашо Салтировски, по повод отворањето на настанот рече:

„Денес стоиме на историска раскрсница. Во целиот свет, енергетската транзиција повеќе не е далечна амбиција, таа е денешна нужност. Начинот на кој произведуваме, испорачуваме и користиме електрична енергија се трансформира со невидена брзина. Од обновливи извори и електрична мобилност до дигитални технологии и децентрализирани енергетски системи. Иднината на енергијата се обликува пред нашите очи.“

Околу 70 вработени од компанијата зедоа активно учество, презентирајќи стручни трудови од областа на енергетиката пред Студиските комитети.

На настанот учествуваа високи претсатвници од Министерката во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН Македонија, Електродистрибуција, МЕПСО, ЕСМ и голем број други компании од енергетскиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

ВО ТЕК ИСПЛАТАТА НА К-15 – Еве колку би била сумата која би ја добиле вработените на своите сметки

ДЕСК

Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

ДЕСК

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања: Побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра

C +