Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички воз, при што беа повредени десетици патници, објави регионалниот гувернер, Олег Григоров.

– Непријателот целел цивилна инфраструктура, патнички воз на релација Шостка – Киев. Има повредени патници – изјави Григоров.

Тој рече дека во тек е спасувачка операција, во која се ангажирани спасувачи, лекари и сите служби за итни случаи.

Според информациите, во нападот се повредени околу 30 лица.

Според вицепремиерот за обнова на Украина, Олексиј Кулеба, Русија двапати ја погодила станицата.

– Првиот удар ја погоди локомотивата на приградскиот воз Терешчинска-Новоград-Северски. Кога започна евакуацијата, непријателот повторно нападна – овој пат погоди ја локомотивата на возот Киев-Шостка – рече тој.

Украинските железници соопштија дека меѓу повредените се и еден благајник и тројца деца.

„Нашиот повреден вработен и патниците (вклучително и тројца деца) добиваат медицинска помош во болниците“, соопштија оттаму./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе

C +

Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски

C +

Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава

C +