Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Нема ниту една од ветените четири нови градинки на Муцунски во Аеродром

Во 2021 година Тимчо Муцунски кандидат за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, убедливо победи на локалните избори.

Меѓу мноштвото од ветувања што ги даде беше и ветувањето за изградба на четири нови детски градинки во општината.

Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ планираа градинки во населбите Острово, Лисиче, Мичурин и Долно Лисиче, како и проширување и реновирање на три други градинки.

Но денес, по четири години ниту една од најавените градинки не е изградена.

Она што е факт е дека последните две новоизградени градинки во Стар Аеродром и Ново Лисиче се изградени во мандатот на СДСМ.

Од друга страна, и единствената градинка која се проширува во моментов е со пари обезбедени од Владата на СДСМ пред две години.

Четири години од најавата на Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ, капацитетите во градинките не се зголемени, списоците се чекање се уште се долги, а граѓаните мака мачат со згрижувањето на своите деца.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК