Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Да се најде паркинг во Аеродром е научна фантастика – ги нема ветените 3.000 нови паркинг места

Скопје од годиnа в година станува се поголем кошмар за возачите.

Освен гужвите на главните сообраќајници (кои се случуваат во текот на целиот ден, а не само како порано во „шпицевите“) огромен проблем е паркингот.

Тоа е видливо во централното градско подрачје, но особено изразено е и во општина Аеродром.

Луѓето што таму живеат и работат сведочат дека да се најде паркинг место е еднакво на научна фантастика.

И не се критични само некои локации, туку цели населби како Мичурин, Острово, Стар Аеродром, потегот околу трговските центри Бисер, Капитол, населба Лисиче и Ново Лисиче.

Пред четири години ВМРО-ДПМНЕ во кампањата за локалните избори ветуваше 3.000 нови паркинг места.

Денес, реалноста е дека нема ни стотина нови паркинг места за жителите на Аеродром.

„Нема проблем кој нема решение. Така ќе биде и со паркинг просторот. Аеродром ќе добие 3000 паркинг места и со тоа ќе воведеме ред во паркирањето!, ветуваше кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Четири години подоцна, решението го нема а проблемот со паркингот стана уште поголем.

Можеби ќе ве интересира

Приведување на Долно Блаце

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК