Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Ацевски: Загадувањето во Ѓорче не може да се реши со изградба на хемиски фабрики во центарот на општината!

Загадувањето во Ѓорче не може да се реши со изградба на хемиски фабрики во центарот на Ѓорче, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски во гостување во „Студио 10“ на ТВ24.

– „Не може да се реши загадувањето со мега паркови изградени врз депонии без претходно да бидат соодветно исчистени, не може да се реши доколку училиштата се греат со фосилни горива, ниту со ненавремено одржување на зелени површини. Не може да се реши ни со изнајмување на тримери и дувалки кои се плаќаат по 1.200 денари од час. Сите знаеме каква е хигиената во Ѓорче, а загадувањето не може да се реши со создавањето на диви депонии, најмалку со стимулирање на нови депонии, истакна Ацевски.

Според него, решението за загадувањето покрај чистење на дивите депонии е и во промена на начинот на загревање на училиштата и градинките, како и редовно одржување на зелените површини.

– Треба да се промени начинот на загревање на училиштатата и градинките, со пумпи на принцип вода-вода, чистење на дивите депонии, навремено одржување на зеленилото и да има сезонски работници кои навистина се сезонски работници, не да се трошат 21 милион денари на фигуративни „работници“, истакна Ацевски.

Можеби ќе ве интересира

Орце – таткото на Скопје тргна во акција за чистење на Скопје – десетици камиони за чистење на ѓубре со вклучени ротации прво снимаат спот на паркингот кај “Борис Трајковски” па тргнуваат во 72 часовен поход за остварување на првиот успех!

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК