1. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сомнителен дрон пронајден во Полска, војската на терен

Дрон за кој се сомнева дека е руски е пронајден во поле со пченка во близина на Ѓалов во Варминско-мазурскиот Регион на Полска. Леталото го забележал земјоделец додека работел со комбајн по што надлежните служби веднаш излегле на терен, пишува wiadomosci.dziennik.pl.

Според првичните информации, состојбата на пронајдениот дрон укажува дека може да биде еден од оние што влегле во полскиот воздушен простор ноќта помеѓу 9 и 10 септември оваа година.

Во истрагата учествуваат полицијата, воената полиција и обвинител, под чиј надзор ќе се спроведуваат понатамошни дејства.

Полскиот воздушен простор беше нарушен од беспилотни летала ноќта помеѓу 9 и 10 септември за време на рускиот напад врз Украина. Потоа беа активирани одбранбени процедури, а неколку од 19-те авиони што влегоа во полскиот воздушен простор беа соборени од полските и од сојузничките воздухопловни сили.

Тоа беше првпат полските воздухопловни сили да користат оружје за неутрализирање беспилотни летала над сопствената територија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

C +

Трамп: Блиску сме до договор со „Харвард“, ќе платат 500 милиони долари

C +

Генерален штрајк во Грција по најавата за работа од 13 часа на ден

C +