30. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грејната сезона најрано може да почне на 1 октомври

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека грејната сезона започнува на 15 октомври 2025 и завршува на 15 април 2026 година.

Но доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.

Во исто време, РКЕ информира дека систем операторот за пренос на гас НОМАГАС најави дека оваа година поради ремонтни активности на регионалните транспортни системи за пренос на природен гас и гасоводот Турски тек се очекува од 13 до 17 октомври да има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава.

РКЕ потсетува дека сигурноста во снабдувањето е примарен интерес и дека законската регулатива овозможува во услови на прекин на испорака, операторот со природен гас НОМАГАС да може да изврши навремено полнење на цевката и количината да ја распредели соодветно во критичните денови за корисниците кои се греат на топлинска енергија.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

C +

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ се спремни да ги отрујат Скопјани само да си го спасат својот политички рејтинг

C +

Герасимовски го отвори штабот во Дебар Маало: Реализиравме над 90% од програмата, одиме на победа

C +