30. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-БИЗНИС

Филипче: Пад на инвестициите од 600 на 200 милиони евра, лошите политики на власта ја кочат економијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ предупреди на сериозен пад на економските показатели и целосно погрешни политики на власта.

-Кога граѓаните не можат да врзат крај со крај поради тоа што власта води лоши економски политики, кога цените не се под контрола, кога има пад на странските инвестиции тогаш тоа е јасен доказ дека економијата тоне. Минатата година, како резултат на нашите политики, странските инвестиции во првите шест месеци изнесуваа 600 милиони евра. Годинава, под оваа влада, таа бројка падна на само 200 милиони. Што може да очекуваме? Само дополнителен пад, намалување на извозот, посебно со Германија, и стагнација на индустриското производство,“ изјави Филипче.

Во однос на унгарскиот кредит, тој беше дециден:

„Едноставно, никој не знае каде се една милијарда евра. Од најавени 350 милиони евра за општините, реализирани се помалку од 10 проценти. Па каде се парите? Нашите информации се дека тие се веќе потрошени, а компаниите кои аплицираат сведочат дека средства нема,“ нагласи Филипче.

Тој потсети дека Владата дури ги сменила процедурите за Македонската банка за развој, која за прв пат зема пари директно од буџетот наместо од меѓународни финансиски институции.

„Зошто граѓаните да враќаат милијарди евра кредити за нешто што не носи капитален развој? Капитален објект е оној што носи додадена вредност и раст. Бехатон плочки во Штип тоа нема да го направат ова се погубни економски политики на власта, политики кои ја задолжуваат државата, ја кочат економијата и ја загрозуваат иднината на граѓаните” потенцираше председателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ПАУШАЛНОТО НЕ ЗНАЧИ НЕОТЧИТАНО: Дигитализација и паметни броила за поголема доверба

C +

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

C +

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ се спремни да ги отрујат Скопјани само да си го спасат својот политички рејтинг

C +