29. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

НАТО ја предупреди Москва: Подготвени сме да соборуваме авиони што го нарушуваат воздушниот простор

Европските дипломати го предупредија Кремљ дека по понатамошните нарушувања на воздушниот простор ќе следи одговор, вклучително и соборување на авионот, доколку ситуацијата го бара тоа.

Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, европските дипломати ги предупредија руските претставници во Москва, дека НАТО е подготвен да „одговори со полна сила“ на понатамошни нарушувања на нејзиниот воздушен простор. Предупредувањето беше објавено на, според изворите, „тензичен состанок“ во руската престолнина, на кој учествуваа претставници на Велика Британија, Франција и Германија.

Тие особено ја изразија својата загриженост во врска со неодамнешниот инцидент кога три ловци МиГ-31 наводно влегоа во естонскиот воздушен простор, што беше оценето како намерен чин во Брисел и главните градови на членките на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, неодамна изјави дека алијансата не ја исклучува можноста за соборување на руски авиони доколку тие претставуваат непосредна опасност за цивилната инфраструктура или населението. Како што нагласи, силите на алијансата ги имаат сите потребни овластувања да употребат сила и да go „уништат секое летало што би можело да ги загрози животите и безбедноста на луѓето во земјите-членки“.

Тензија на источното крило
Најновиот инцидент со МиГ-31 повторно го отвори прашањето колку далеку може да оди Москва во провоцирањето на НАТО. Западните претставници истакнуваат дека ова е шема што вклучува чести упади во воздушниот простор и прелети на беспилотни летала, што, според нив, претставува намерен тест за подготвеноста на алијансата да реагира.

Додека НАТО ги зголемува патролите и нагласува дека „секоја опција е на маса“, Москва ги отфрла обвинувањата и ги нарекува ваквите закани „неодговорни“ и ризични за безбедноста на цела Европа.

Ситуацијата во балтичкиот регион, според тоа, останува еден од најопасните безбедносни предизвици за Европа. Постои кревка рамнотежа помеѓу дипломатските предупредувања и можната употреба на сила, а секоја нова провокација носи ризик од предизвикување ескалација со последици многу пошироки од еден регионален инцидент, според написите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран погуби најмалку десет лица обвинети за шпионажа за Израел

C +

Поранешен руски тајкун: Санкциите се илузија, само воена сила може да го запре Путин

C +

Пораз на Кремљ во Молдавија: проруската партија поразена на клучните избори

C +