Centar.mk
СВЕТ

Над 2 милиони луѓе останаа во мрак во Мексико

Во југоисточниот дел на Мексико околу 2,3 милиони луѓе синоќа останаа без електрична енергија поради дефект на врските меѓу неколку мрежи.

Прекинот во електроснабдувањето траеше четири часа и предизвика хаос пред сè во сообраќајот, посебно во туристичкиот град Канкун. Во делови од градот речиси два часа беа во прекин телефонските услуги.

Најпогодени од прекинот на електрична енергија беа мексиканските сојузни држави Јукатан, Кампече и Кинтана Ро./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фицо: Немам телефон и не знам ништо за Банон и Епстин

C +

Франција и Канада отвораат конзулат во Гренланд

C +

Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база

C +