27. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

LINDBERG Design Day во Dioptra Couture – ексклузивна премиера на колекцијата за 2026 во Скопје

Во салонот Dioptra Couture во хотел „Мериот“ во Скопје, се одржа првиот настан од глобалниот серијал LINDBERG Design Day, посветен на промоцијата на новата 2026 колекција на овој култен дански бренд. Честа да биде прва дестинација во овој престижен меѓународен циклус ѝ припадна токму на Македонија и на домаќините Dioptra Optics.

Во елегантна атмосфера, пред голем број гости од бизнис-заедницата, културата, модниот свет и јавниот живот, Dioptra Optics и LINDBERG ја претставија целосната нова колекција, составена од над 2.000 модели.

„LINDBERG отсекогаш бил еден од нашите најпосакувани брендови. Среќни сме што токму кај нас започнува нивниот глобален серијал и што ја добивме привилегијата да бидеме први домаќини на ова уникатно искуство,“ – изјави Марија Костуранова, сопственичка на Dioptra Optics, пред присутните.

LINDBERG eyewear е симбол на скандинавски минимализам, иновација и одржлив луксуз. Секој пар очила е дизајниран и рачно изработен во Данска, од врвни материјали како титаниум, злато, платина и фино дрво.

Мисијата на брендот е да создава очила за оние кои бараат интелигентен дизајн, апсолутна удобност и суптилна ексклузивност.

„Секој модел на LINDBERG е ултра-лесен, без завртки, без лепак, со патентирани инженерски решенија кои овозможуваат удобност, издржливост и естетска совршеност. Особеност на брендот е што секој модел може целосно да се персонализира – од формата и бојата, до должината, носачите, па дури и гравирање на лично име“ – додаде Костуранова.

LINDBERG важи за омилен избор на адвокати, бизнисмени, државници, кралски семејства и познати личности ширум светот, кои ја ценат неговата суптилна естетика и врвна техничка изведба. Брендот досега има освоено над 112 меѓународни награди за дизајн, што дополнително ја потврдува неговата водечка позиција во индустријата на луксузната оптика.

Ова е втора голема заедничка приказна на Dioptra Optics и LINDBERG – по премиерното претставување во 2019 година. 

Ова партнерство денес добива нов импулс и уште поголема енергија, која уште долго време ќе продолжи да вибрира низ македонската урбана и стилски освестена јавност.

 

Можеби ќе ве интересира

Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

C +

Историски чекор за македонските сметководители: ИСОС примена во CFE Tax Advisers Europe

C +

Над 2.000 хотели во Туркије се здобија со најпрестижниот GSTC-сертификат во глобалниот туризам

C +