26. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Русија тоне, време е да запре

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикува економската и воената позиција на Москва во екот на војната во Украина велејќи дека руската економија е во катастрофална состојба и дека оди по ѓаволите, пренесуваат светските медиуми.

По средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Трамп рече дека „Русија стави сè на коцка и не постигна речиси никакви територијални придобивки“. Според него, Москва потрошила милијарди на бомби, ракети и човечки животи, а исходот е незадоволителен. „Мислам дека е време да се запре. Навистина мислам“, рече тој.

Покана до Турција да се откаже од руската нафта

Трамп нагласи дека Анкара би можела да игра клучна улога во забрзувањето на крајот на конфликтот доколку се откаже од руската нафта. Според него, Турција има многу опции за снабдување со енергија за разлика од Унгарија или Словачка, кои немаат алтернативни извори преку морето.

Спротивставени процени за Москва

Додека Трамп предупредува дека руската економија се урива, официјална Москва испраќа разни сигнали. Гувернерката на Централната банка, Елвира Набиулина, неодамна истакна дека земјата продолжува да бележи умерен раст, а претседателот Владимир Путин нагласи дека западните санкции не ја скршиле руската економија предупредувајќи дека самата Европа се балансира на работ на рецесија.

Американско-руските контакти продолжуваат

И покрај жестоката реторика, дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон не се прекинати. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Марко Рубио, разговараа за можните начини за решавање на украинската криза во Њујорк надоврзувајќи се на договорите постигнати за време на претходните состаноци./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Полска до своите граѓани: Итно напуштете ја Белорусија, користете ги сите средства

C +

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

C +

Кина планира да ги намали емисиите на стакленички гасови за 7 до 10 проценти до 2035 година

C +