Centar.mk
СВЕТ

Украина: Соборивме моќен руски „су-34“

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу 4 часот наутро. Според украинската војска, авионот учествувал во напади врз градот користејќи наведувани бомби.

„Непријателскиот Су-34 е соборен околу 4 часот наутро во правец на Запорожје, каде што извршувал терористички напади користејќи наведувани воздушни бомби. Заедно до победа!“, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб.

Су-34, според британскиот тинк-тенк Кралски институт за обединети служби, е еден од најсовремените борбени авиони на руската армија. Тоа е повеќенаменски суперсоничен ловец-бомбардер со два мотора.

Во оперативна употреба е од 2014 година, а Русија го користи за напад врз украински цели со крстосувачки ракети и наведувани бомби. Су-34 може да носи до осум тони различно оружје, вклучувајќи ракети воздух-воздух и воздух-земја, и има дострел од околу 4.000 километри.

Русија сè уште не ги коментираше тврдењата на украинската војска за загубата на Су-34./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе

C +

Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме

C +

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

C +