22. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни, четири се под контрола, а 28 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во општина Гевгелија: Кожуф планина, кај село Петрово (букова шума) и во општина Македонски Брод: Планина Добра вода (ниска вегетација).

Како што информира ЦУК под конртола се четири пожари: Општина Гази Баба 1: с. Трубарево (електричен отпад); Општина Гази Баба 2: с. Виниче, м.в. Муратица (нискостеблеста шума); Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и мешана шума); Општина Кочани: с. Бали (депонија).

Изгаснати се 28 пожари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните

C +

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

C +

Граѓаните бараат улици, не само згради – планот на Ацевски за сообраќајот во Ѓорче

C +