Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Се надевам дека ќе се постигне дипломатско решение за Газа, таму владее хаос

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека се надева дека ќе постигне дипломатско решение за конфликтот во Газа, предупредувајќи дека во таа енклава владее хаос.

„Ја проучуваме Газа и се занимаваме со Газа многу интензивно. Постои вистински хаос“, рече Трамп, како што објави денес „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, Соединетите Американски Држави сметаат дека признавањето на Палестина од страна на неколку нејзини сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, е „перформативно“.

„Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедноста на Израел и мирот и просперитетот за целиот регион, што е можно само без Хамас“, изјави еден од портпаролите на американскиот Стејт департмент под услов на анонимност, објави „Тајмс оф Израел“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Потсмевањето на Трамп беше првата грешка на Европа

C +

Украина со најсилен напад со дронови досега – Русија тврди дека пресретнала 398 летала

C +

САД го зголемуваат производството на оружје поради војната на Блискиот Исток

C +